Финале од соништата во Кралскиот куп: Реал – Барса!

Барселона на ист начин како Реал Мадрид се пласира во финалето на Кралскиот куп со победа од 1-0 на гости и 4-4 дома.

Каталонците беа подобри од Атлетико, вечерва на Јорганџиите не им дозволија ниту еднаш да не шутнат кон нивниот гол. На Атлетико за првпат по август 2024 му се случи на домашен меч да не даде гол.

Голот за финале го даде сезонава одличниот Феран Торес во 27-мата минута. За Барса ова ќе биде 11-то куп-финале во последните 17 години.

Реал и Барса ќе играат првпат во финале еден против друг и за првпат по 2014 година. Тогаш во Валенсија, Реал победи 2-1, а на 26 април годинава финалето ќе се игра во Севилја.

- Оглас -

Најнови вести