Како што растат летните температури, во игра влегуваат производи со лесни формули и текстури, парфеми со лесни, мирисни ноти и шминка со нијанси на заајдисонце и бронзен сјај. Скоро секоја година најбараните летни производи се оние што во себе содржат висок фактор за заштита од сонце и оние кои даваат природен изглед и сјај. Ние ви предлагаме неколку летни новитети со кои ќе се чувствувате и ќе изгледате негувано, заштитено и свежо.
Nomade Nuit d’Egypte by Chloé
Со најубавите летни мирисни ноти на амбер, портокал, ванила и цимет овој нов парфем од култниот бренд Chloe ќе биде вашиот нов омилен парфем. Овој парфем одава почит на Габи Агион основачката на модната куќа Chloe и мистичниот Египет како нејзина татковина. Цветот од портокал , добиен од срцето на Египет, како и моќната комбинација на цимет и ѓумбир го прави овој парфем незаборавен. Карактеристично за овој парфем е што е создаден од 90% состојки од природно потекло, а пакувањето вклучува рециклирачки стакло и картон.
Clinique Almost Lipstiock in Black Honey
Лесната текстура на овој кармин и формулата богата со емолиент им дава на усните
елегантен, влажен финиш. Црниот мед се прилагодува мна сите тонови на кожа и изгледа
уникатно кај секого. Розовиот мед додава нежен допир, се топи на усните и
софистицирано ја потенцира и засилува нивната природна боја.
Shisheido Expert Sun Protector Lotion-Lait Solare
Оваа линија на лосиони со СПФ фактор за заштита од сонце е најпаметното вложување што може да го направите за својата кожа и за себе. Во оваа колекција се користени врвни состојки како пет типа на алги кои нудаат долготрајна хидратација и екстракт од корен кој помага да се смири сувата и оштетена кожа, склона на пукање. Овие лосиони за сончање одговараат со сите типови на кожа и се најдобар избор за сите љубители на летни активности.
Estée Lauder- Brow Perfect 3D
Ова е производот што ќе ви овозможи да имате совршени веѓи во секоја пригода. Со микропрецизноста на овој молив за веѓи, може да ги дефинирате, потенцирате и разубавите вашите природни веѓи, со лесен притисок да го нацртате обликот кој најдобро ви прилега, да ги пополните изретчените места и да создадете мек, природен и дифузен изглед.