Голема трагедија се случила викендов во германскиот град Вупертал.
Според информациите, тројца млади лица од 18, 25 и 26 години починале за време на скара во куќа во Хајнштрасе во Вупертал, Северна Рајна-Вестфалија.
Момчињата не се вратиле кога паднала ноќта, па родителите загрижено тргнале да ги бараат.
Првичните информации велат дека тие правеле скара во градина каде немало доволно проветрување, па гасовите кои се создавале за време на скарата, испарувале, и се претпоставува дека тројцата се затруле со јаглерод моноксид.
„Пожарникарите добија пријава за сомнителен гас и предупредување за присуство на јаглерод моноксид“, изјави портпаролот на пожарникарите.
Обдукцијата ќе потврди дали навистина починале од труење со јаглерод моноксид.