Битола подготвена за нов ракометен спектакл: Пелистер со победнички желби го пречекува Алкалоид!

Битола  е подготвена за нов ракометен спектакл, по само 24 часа од гостувањето на женската ракометна репрезентација, денеска од 18 часот да биде домаќин на дербито од македонската ракометна Суперлига меѓу Е. Пелистер и Алкалоид.

„Пелистерци“ имаат две победи во плејофот, против Тиквеш и Охрид, а сега силно посакува победа и против еден од најдобрите тимови во лигата, Алкалоид кој има една победа и еден пораз по двете одиграни плејоф кола.

Како што е познато, домаќините ќе имаат огромна поддршка од трибините кои ќе се исполнети до последното место. Јасно е дека Алкалоид ќе посакува изненадување и реванш за оној претходен пораз од пред два месеци, но битолчани водени од своите навивачи веруваат дека на крај сигурно ќе ги однесат бодовите од дерби-пресметката.

Се вчитува...