ПОЧИВАЈ ВО МИР: Александар е 61-та жртва од пожарот во Кочани

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска на својот Фејсбук профил истакна длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар Глигоровски.

Александар е 61-та жртва во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар Глигоровски. Почивај во мир, нека Бог те всели на местото каде што почиваат праведниците! Александар е четвртата жртва од нашата општина, кој настрада во пожарот во дискотеката во Кочани.“, напиша тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното