Тринкиери заминува од Жалгирис Каунас

Екипата на Жалгирис Каунас ќе се раздели со Андреа Тринкиери, што значи дека во новата натпреварувачка година ќе влезе со нов тренер.

На тоа место челниците на клубот од Каунас би сакале да го видат или Ибон Наваро, актуелниот тренер на Уникаха или Јака Лаковиќ кој моментално е во Гран Канарија.

Проблемот е што и двајцата тренери имаат важечки договори и за следната сезона, како што е случајот со актуелниот тренер на Жалгирис, Андреа Триникиери, па ќе биде многу интересно да се види како тоа ќе се одвива.

Жалгирис оваа сезона не успеа да влезе ниту во плеј-инот во Евролигата, па затоа таа може да се окарактеризира како неуспешна.

Од друга страна, литванскиот тим во досегашниот дел од сезоната успеа да го освои националниот куп по големата борба во финалето со Лијеткабелис, додека во првенството е на првото место пред Ритас.

Се вчитува...