Челси полека се враќа на претпознатливата патека по превземањето на клубот од страна на Тод Боели, но и покрај тоа што „сините“ се „препородија“ во ерата на Енцо Мареска, тоа не значи дека одново нема да биде издвоена голема сума на пари за трансфери престојното лето.
Италијанскиот стратег веќе ги „пикирал“ новите засилувања, а интересно три од нив доаѓаат од редовите на Бормут. Станува збор за Антоан Семенјо, Милош Керкез и Дин Хејсен.
Семенјо изби како прва трансфер цел кога станува збор за нападот и се најде пред Алехандро Гарначо и Џејми Гитенс на листата, а за него ангажман се очекува да бидат издвоени 50 милиони евра.
50 милиони евра е и сумата која Челси цели да ја плати за ангажман на унгарскиот репрезентативец со српско потекло Кекрез, а 60 милиони евра се очекува да изнесува трансферот на стоперот Хејсен за кој како конкуренција „сините“ ќе ги имаат Реал Мадрид, Ливепрул и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА