СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не може да помири со туѓите успеси и како што велат, по втор пат неделава се кити со туѓи перја. Ова се однесува во врска со пуштањето во употреба на канадската компанија „Магна Мехатроникс“. Според СДСМ, штипјани знаат дека оваа фабрика беше најавена уште во мај 2023 година од тогашниот премиер Димитар Ковачевски. Најголемата опозициска партија замерува што сето ова се преставува како „нова странска инвестиција“.
-Премиере Мицкоски не ви доликува на функцијата да се фалите дека и оваа странска инвестиција е резутат на вашите политики. Оваа кандска компанија е резултат на позитивните економски политики што ги водеше Владата на СДСМ и кои резултираа со подобрување на бизнис климата, отворање на нови странски инвестиции и нови работни работни места.
Ова не е ништо друго освен потврда на неспособност и безидејноста на ВМРО ДПМНЕ за водење економски политики и привлекување на странски иневстиции. Речиси една година Владата на Мицкоски нема донесено ниту една значајна странска инвестиција, а економијата стагнира. Единственото што ДПМНЕ го прави е сечење ленти на веќе реализирани проекти од претходната влада, порачаа од „Бихаќка“.
Премиерот денеска најави нови инвестиции и вработувања. Како што беше соопштено, почна да работи новата фабрика на канадската компанија во слободната зона во Штип, за производство на автомобилски компоненти.
-Оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и од презентацијата на претходните говорници можеме да заклучиме дека ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600тина лица, рече денеска Мицкоски.