Бизнис
СЕКОЕ ИТАЛИЈАНСКО СЕМЕЈСТВО ЗА БОЖИЌ ЌЕ ПОТРОШИ 992 ЕВРА
24.12.2024
Домаќинствата во Италија за пазарење пред Божиќ ќе потрошат повеќе од 25 милијарди евра на подароци, набавки на храна, ручеци и вечери во ресторани, објави италијанското здружение за заштита на потрошувачите „Кодаконс“.
Според ова здружение, просечниот трошок по семејство за претстојните празници ќе изнесува 992 евра. Околу 9,5 милијарди евра ќе бидат потрошени за божиќни подароци за пријатели и роднини, а повеќе од три милијарди евра за традиционални вечери и ручеци.
Милиони Италијанци ќе патуваат за време на божиќните празници, за што, како што проценува ќе потрошат 12,7 милијарди евра, пренесува „Капитал.ба“.
фото freepic