Магазин
Google најавува револуционерна надградба за Pixel телефоните

Корисниците на Google Pixel телефони ќе добијат значајно подобрување во безбедноста и удобноста со доаѓањето на Android 16.
Отклучување со отпечаток без активирање на екранот
Во претстојната верзија на Android 16, Google ќе овозможи отклучување со отпечаток додека екранот е исклучен. Ова значително ќе го забрза процесот на автентикација и ќе го направи користењето на телефонот уште поедноставно.
Функцијата ќе биде достапна за сите Pixel телефони со ултразвучен сензор за отпечатоци, почнувајќи од Pixel 6 па натаму. Корисниците ќе можат рачно да ја активираат или деактивираат оваа опција во поставките.
Придобивки од новата функционалност
-
Побрзо отклучување без потреба од активирање на екранот
-
Подобра енергетска ефикасност при секојдневна употреба
-
Поинакво и подобрено корисничко искуство
Кога ќе пристигне Android 16?
Конечната верзија на Android 16 се очекува во јуни 2024 година, што значи дека Pixel корисниците наскоро ќе можат да ја тестираат оваа иновативна функција.
Оваа надградба е дел од пошироката стратегија на Google за подобрување на биометриската автентикација, со цел да го унапреди Pixel екосистемот. Надградбата доаѓа во критичен момент, пред очекуваното лансирање на Pixel 10 серијата.
Мобилни уреди
Зошто е битен „авионскиот режим“ да биде приклучен додека патувате со авион

Користењето на уредот без режим на авион може да предизвика пречки што пилотите не сакаат да ги ризикуваат. Следниот пат кога ќе ви побараат да го ставите телефонот во авионски режим, знајте дека тоа не е само уште едно бесмислено правило.
Врзете ги безбедносните ремени, кренете ги ролетните на прозорците и преклопете ги страничните маси се стандардните упатства што ги добивате при полетување и слетување. И додека секоја од тие постапки има своја причина, штом авионот ќе достигне одредена височина, повеќето правила стануваат нешто пофлексибилни.
Сепак, има една работа која важи во текот на целиот лет – вклучување на авионскиот режим на телефонот, пишува LADBible.
Многу патници совесно ја следат оваа инструкција, но навистина не разбираат зошто од нив се бара да се „исклучат“ од дигиталниот свет кога веќе се физички офлајн. За да се разјаснат работите, искусниот пилот објасни што може да се случи ако не користите авионски режим, а не станува збор само за бонтон.
Дејвид Морган, шеф за летање и безбедност на Ер Нов Зеланд, откри дека во текот на неговата кариера бил сведок на ситуации кога електронските уреди на патниците предизвикувале пречки.
– Бев во авион кој три пати правеше работи што не сакав да ги правам, поради Game Boy, мобилен телефон и лаптоп – изјави за Staf. Да, дури и нешто едноставно како Game Boy може да пречи на системите за време на летот, што значи дека режимот на авион не е ограничен само на паметни телефони и таблети. Еден од најнезаборавните инциденти се случи додека Морган леташе со Боинг 767 од Мелбурн. Наеднаш ги загубивме сите VHF радио врски. Авионот имал три VHF радија и секогаш кога се префрлале на следното, ни тој не работел. На крајот реков: „Подобро е да ја провериме кабината и да видиме дали нешто предизвикува пречки“, рече тој.
Како што се испостави, патникот користел Game Boy. „Штом уредот беше исклучен, сите три радија повторно работеа“, рече Морган.
Иако многумина мислат дека исклучувањето на мобилните уреди е само формалност, оваа приказна покажува дека зад тоа има сериозна причина.
Со други зборови, користењето на уредот без авионски режим може да предизвика пречки што пилотите не сакаат да ги ризикуваат, па следниот пат кога ќе биде побарано да го вклучите авионскиот режим, ќе знаете дека тоа не е само уште едно правило без причина.
Извор: kurir.rs
Хороскоп
Хороскоп за недела (6 март)

ОВЕН
Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечите и да поминете часови во самотија. Вистинската причина во сето тоа е хронична ненаспаност па неуредниот животен ритам стигнува на наплата. Почестете се себеси со одмор.
БИК
Обземени сте со деловните проблеми. Сепак, тоа не е поле на кое моете да очекувате важни случувања. Во центарот на вниманието треба да биде еден член од семејството затоа што од него стигнува голема поддршка која ќе ве накрене. Внимателно смислете како ќе му се заблагодарите.
БЛИЗНАЦИ
Не поместувајте се од местото. Таман кога ќе помислите дека нешто тргнало, нова препрека ќе ве врати на почетната позиција. Со нервоза ништо не решавате, неопходно е да го сочувате трпението. Денот кој тече донесува интересна животна лекција.
РАК
Време е за селекција. Отгрлете некои нешта кои веќе некое време ви создаваат големи грижи. Било да станува збор за човечките ресурси или проектите, ве чека тешка одлука поради која ќе морате да се замерите со многу луѓе.
ЛАВ
Не верувајте во разни ветувања со кои ве затрупуваат. Морате максимално да се ангажирате и самите себеси да си помогнете во пронаоѓање на решенија. Очекувајте стагнација на се па поради тоа не се обидувајте да започнете никаква нова работа.
ДЕВИЦА
Транзитот на планетите ви донесува шанса идеите кои досега биле несфатени конечно да ги презентирате и да добиете поддршка од колегите од кои најмалку сте очекувале. Ви следи официјално запознавање со влијателна особа со која се знаете од гледање.
ВАГА
Ве нервира тоа што сте ја научиле вашата околина дека вие сте иницијатор на се. Расположението ви е такво што денес сакате секоја одговорност да можете да ја префрлите на некој друг а вашата задача да биде само да бидете весел гостин кој треба добро да си помине.
ШКОРПИЈА
Извесни се ненадејни трошоци, сепак не се нервирајте затоа што ќе успеете да ја стабилизрате ситуацијата. Побарајте поддршка од пријателите. Избегнувајте средба со партнерот затоа што е еден збор може да биде причина за сериозна кавга.
СТРЕЛЕЦ
Ако ја анализирате рационално својата позиција, ќе признаете дека таа и не е толку лоша. Проблемот е во тоа што сте склони кон кукање и критикување па собирате такви луѓе околу себе. Слушајќи ја околината упаѓате во песимизам кој всушност воопшто не е ваш.
ЈАРЕЦ
Време е да се реорганизирате. Чистењето како во вашиот дом така и на работното место ќе создаде амбиент за реализација на многу деловни проекти. Но, ако за миг се исклучите од сите професионални активности, ќе сфатите дека центарот на светот не сте вие.
ВОДОЛИЈА
Вистински миг своите планови да ги спроведите во дело особено ако соработувате со странство. Освен тоа, ваквите транзити можат да најават и интересно познанство со личност која е далеку а која ќе ја сретнете на чуден начин, на пример, преку социјалните мрежи.
РИБИ
Слаткоречиви сте спрема сите денес. Вашето добро расположение е всушнсот маска која ја прекрива вашата несигурност која ве обзела. Потсвесно посакувате со своите добронамерни коментари да ги мотивирате другите да ви го возвратат истото. Ќе се разочарате.
Lifestyle
Планирате патување во Бали? Еве што треба да знаете

Бали е една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Познат е по егзотичните плажи, тропската природа и богатата култура. За да се зачува ова културно наследство и да се обезбеди одржлив туризам, властите на островот воведоа нови правила за посетителите.
Почитување на локалните обичаи и верски норми
· Туристите мора да покажат почит при посета на храмови и свети места.
· Забрането е влегување без соодветна балиска облека.
· Жените со менструација не смеат да влегуваат во верски објекти, според традиционалните правила.
· Строго е забрането качување на свети дрвја и споменици.
· Несоодветни или голи фотографии на свети локации се недозволени.
Облекување и однесување на јавни места
· Посетителите треба да носат скромна облека во храмови, ресторани, продавници и други јавни простори.
· Забрането е пцуење, предизвикување немир или непочитување на локалното население.
· Не е дозволено споделување говор на омраза или дезинформации на социјалните мрежи.
Туристичка такса и поддршка на одржлив туризам
· Сите меѓународни посетители мора да платат туристичка такса од 150.000 индонезиски рупии (околу 9 евра).
· Таксата се користи за финансирање на проекти за заштита и одржливост.
· Неплаќањето може да доведе до забрана за посета на атракции и можни правни последици.
· Се планира и дополнителен дневен данок, сличен на оној што се применува во Бутан.
Еколошки мерки: крај на пластиката
· Забранета е употреба на пластични кеси, стиропор и пластични сламки.
· Пијалоци спакувани во пластика исто така не се дозволени.
· Овие мерки се дел од стратегијата за зачувување на природата и намалување на негативното влијание од туризмот.
Извор: B92
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (5 април)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (6 март)
-
Скопје2 дена
МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено
-
Спорт1 ден
(ФОТО) ФК Ренова во финишот на мечот ги спаси трите бода во Кичево против ФК Напредок
-
Временска прогноза10 часа
Попоски: Започна продор на ладен воздух, до вечер снежен циклон ја зафаќа Македонија на повеќе места
-
Спорт1 ден
Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера
-
Временска прогноза2 дена
Викендов на повидок екстремен сибирски ладен бран
-
Lifestyle1 ден
Планирате патување во Бали? Еве што треба да знаете