Компании

„Волт“ започна со работа во Македонија

Автор: Игор Смилевски

1 април 2025, 14:10

Компанијата за испорака најпрво ќе се фокусира на клиентите во Скопје

Планираат своите услуги да ги прошират и во други македонски градови

На бизнисите им се овозможува пристап до повеќе клиенти, на купувачите брза достава

„Волт“ започна со работа во Македонија

Wolt

Игор Смилевски

Со неколку стотици партнерски ресторани и трговци на мало и мрежа од неколку десетици курирски партнери глобално познатата компанија за испорака „Волт“ (Wolt), стартува со работа во земјава. 

Од таму посочуваат дека по лансирањето во Скопје, планираат своите услуги да ги прошират и во други македонски градови.  

Клиентите сега можат да нарачуваат од врвни ресторани, кафулиња, супермаркети и продавници на мало преку апликацијата „Волт“, која веќе е достапна за преземање на епл и андроид уреди, но може да се нарачува и преку веб-страницата.

Од доставувачот гарантираат дека испораките пристигнуваат во просек за 30 минути, а клиентите може да го следат движењето на своите нарачки во реално време.  

„Возбудени сме да го преставиме 'Волт' во Северна Македониjа. Скопjе е динамичен град со богата култура на храна и зголемена побарувачка за дигитални решениjа. Нашата цел е да поставиме нови стандарди за брза испорака, ефикасност и задоволство на клиентите“, вели генералниот директор на „Волт“ за Македониjа и Србиjа, Ѓорѓе Давидовиќ.

Тој нагласува и дека сервисот ќе им помогне на локалните бизниси да растат и да создаваат нови можности за работа, со пристап до поголема база на клиенти.

За доставувачите, „Волт“ нуди флексибилни можности за заработка, овозможуваіки им да работат според свој распоред, а истовремено да имаат корист од транспарентен и правичен систем на плаќање.

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување
Компании

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување

Истрагата на ЕУ откри дека 16 големи производители на автомобили, како и Европската асоцијација на производители на автомобили, пред повеќе од 15 години склучиле договори против пазарната конкуренција.

02.04.2025

сите новости од рубриката Бизнис

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите