Италијанците ѝ понудиле пица и сладолед на британската кралица Камила за време на нејзината државна посета на Италија по повод 20-годишнината од нејзиниот брак со кралот Чарлс.
Камила и Чарлс пешачеле до познатата слаткарница “Џиолити” во центарот на Рим, каде што кралицата пробала сладолед од хартиена чашка по што кралот одржал историски говор во блиската зграда на италијанскиот парламент.
На Камила претходно ѝ била доделена кутија со пица по што присуствувала на настан во училиште во Рим.
Поелегантни јадења ќе бидат послужени во среда навечер на свечениот прием на кралскиот пар во палатата Квиринале, резиденцијата на италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Чарлс им рекол на пратениците дека Велика Британија била под големо влијание на италијанската кујна.
„Можам само да се надевавам дека ќе ни простите што понекогаш ја искривуваме вашата прекрасна кујна. Ние тоа го правиме со најголема можна приврзаност“, рекол кралот, пренесува Хина.