• Мартин Танасковски
Екипата на ПСЖ одново демонстрира моќ во Франција, за тимот не беше проблем да победи дури и иако прими два гола. „Светците“ се пласираа преку Данкерк (4-2) во финалето од Купот на Франција.
Второлигашот се покажа како лесен плен, иако му даде два гола на фаворитот во првиот дел. Во 7. и 27. минута, Данкерк тресеше мрежа двапати преку Сасо и Ал-Сад, па го снајде катастрофа против владетелот во францускиот фудбал.
Пред крајот на првиот дел, Усман Дембеле намали на 2-1, а во вториот дел, два брзи гола дадоа Маркињос и Дуе за целосен пресврт и 2-3. Во финишот, додека течеше екстра-времето, уште еден гол даде Дембеле, за конечни 2-4. Напаѓачот на ПСЖ имаше и асистенција, па го заврши мечот со оценка 10.
- Извештај од натпреварот:
ПСЖ во финалето од Купот на Франција ќе игра со Кан или Ремс.