Лазаров: Хрватска креираше различна тактика за секој меч, Французите напаѓаа погрешно

Хрватска е во транс. Нивните ракометни херои се во финалето на Светското првенство, откако го совладаа големиот фаворит Франција. Многумина помислија дека ќе немаат сили по трилерот со Унгарија, но хратската репрезентација се надмина себеси и славеше со 31-28.

Срна, Дувњак, Мараш, голманот Кузмановиќ играа со многу памет, оставија срце на терен и резултатот мораше да дојде. Kaко доказ за немоќта на Французите е тоа што не водеше ниту еднаш на мечот.

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го анализираше натпреварот за хрватски „Тпортал“ и им го честита триумфот на Хрватите. 

„Хрватска сосема заслужено се пласира во финалето. Овој натпревар е доказ дека во спортот не победува секогаш подобриот. Хрватска беше таа која повеќе ја сакаше победа, беше поборбена, но и добро подготвена за Франција. 

Французите се потпираа на индивидуалниот квалитет, но не очекуваа ваков противнички тим. Победи тимскиот дух и победи заедништвото. Секој противник е различен и не може да се игра против секој противник на ист начин. Хрватска имаше различна тактика на секој натпревар, додека Французите постојано се потпираа на испробан систем. Очекуваа хрватска одбрана 5-1, но тешко ја срушија. Не можеш така да ја напаѓаш одбраната 5-1 со двајца левичари - Дика Мем и Недим Ремили.

Додека Французите 25 минути во првото полувреме се обидуваа да го најдат патот, Хрватска изгради +10 и го реши натпреварот. Во вториот дел се обидоа да се вратат со агресивна зона 3-3, но не успеаја. Честитки за Хрватска. Сите момци беа одлични, но јас би ги издвоил Мартиновиќ и Кузмановиќ“, заврши Лазаров.

Домагој Дувњак в недела во Осло ќе го одигра последниот репрезентативен натпревар во кариерата и ќе придодаде деветти медал на веќе освоените четири сребра и четири бронзи.