Младите фудбалери на Пелистер од Битола родени 2013 година се пласираа во финалето на младинскиот “Вихрен куп“ во Бугарија, кој игра во градот Сандански.
Младите на Пелистер, по одлично сработени подготовки во Битола заслужени се пласираа во финалето со одлична статистика, пет победи, четиринаесет постигнати голови и без примен гол.
-Турнирот е екстра квалитетен, а ние покрај добрите игри кои ни беа и главна цел, имаме одлични резултати. Во групата имавме три победи од исто толку натпревари (седум постигнати и нула примени голови), во четвртфиналето имавме победа од 3:0, а во полуфиналето победа од 4:0 и слободно можам да се пофалам дека во финале доаѓаме сосема заслужено и без примен погодок, вели генерација 2013, Фатон Таири.
Пелистер утре во финалето ќе игра против домаќниот на овај куп, а сите деца се здрави со одлична амосферата во екипата, и се надеваат дека во Битола ќе се вратат како шампиони од екстра квалитетниот куп во Бугарија.