„Карачиќ, како во времето на Вардар, не мотивираше уште од автобус…Тогаш почна победата!“

Хрватска на неверојатен начин, низ извонреден меч, триумфираше во полуфиналето против Франција на Светското ракометно првенство 2025.

А, херој на домашните во Загреб, секако беше и Доминик Кузмановиќ кој имаше дури 14 успешни интервенции, носејќи го тимот до финалето во недела кое ќе се игра во Осло. Голманот на „коцкестите“ по мечот откри дека едноставно сите во репрезентацијата биле посебно мотивирани за овој натпревар. А, се започнало уште во автобусот на одење кон Арената Загреб…

„Секако, уште не сме ни свесни дека се пласиравме во финале. Сонувавме за ова финале, и го остваривме на неверојатен начин. Ова се прекрасни чувства. Мора да откријам една работа. Нашиот Карачиќ уште во автобусот кон салата не мотивираше, како што самиот рече, на некој специфичен начин со времето уште кога играл за Вардар. Одржа мал говор и ни порача: ‘Луѓе, не смееме да го загубиме ова денеска!’. Е, од тој момент почнавме да ги победуваме Французите“ – вели Кузмановиќ.

„Уште од автобус едвај чекавме да истрчаме на терен… Да, да бидеме искрени, бевме зачудени што поведовме и со девет разлика во првиот дел. Но, се боревме за секоја топка, за секој метар од теренот, и знаевме дека ќе победиме“.

Се вчитува...