Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги почна претквалификациите за Евробаскет 2029. Синоќа во Скопје со убедливи 87:49 беше совладан Азербејџан. – Ова беше заслужена победа, имавме тимската хемија и енергија која постои во овие три дена. Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого, но мора да ги пофалам играчите дека за краток период функционираа одлично и тоа што го покажаа на теренот и на самиот семафор, е заслужено. ...
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја запиша втората победа на квалификацискиот турнир во групата Б5 за Европското првенство на УЕФА, совладувајќи ја селекцијата на Азербејџан со конечни 3-1. Нашиот национален тим доминираше во текот на целиот натпревар. Калина Попоски го отвори резултатот во 19. минута по одлично изработена акција, а предноста ја зголеми Теона Галабовска во 27. минута од пенал. Галабовска беше стрелец и ...

