Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за физички напад врз мајка, син и ќерка, запалиле стрништа изгореле 200 стебла лешник во Поешево

На 01.03.2025 полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 20 годишно од Битола, откако во 22.30 часот во СВР Битола 59-годишен битолчанец пријавил дека во Битола неговиот син физички го нападнал пријавителот, ќерката на пријавителот, како  и  мајката на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

На 01.03.2025  во 12.42 часот, во СВР Битола С.К. (32) од Битола пријавил дека   во село Поешево,битолско, настанал пожар предизвикан од запалени стрништа, при што од пожарот се опожарени околу 200 стебла лешник, сопственост на пријавителот. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола,  увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Од пожарот  повредени лица нема, причинета била материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »