logo
logo
logo

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Барса и ПСЖ се едно полувреме поблизу до полуфиналето (ВИДЕО)

Vecer | 15.04.2025

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Барса и ПСЖ се едно полувреме поблизу до полуфиналето (ВИДЕО)

Барселона и ПСЖ се само едно полувреме далеку од полуфиналето на ЛШ. На вечерашните реванш мечеви, Барса иако е во негатива од 1:0 на гости во Дортмунд се уште има капитална предност од првиот меч, додека ПСЖ по победата дома, сега и по првото полувреме води со 1:2 на гости во Англија.

Борусија (Д) изненадувачки тргна со рано водство на дуелот со Барселона. Уште во 10. минута домашните добија удар од белата точка, кој Гираси успеа да го претвори во водство од 1:0. До полувремето, Германците се обидуваа да постигнат уште еден гол, но и Барселона имаше свои моменти за израмнување. Каталонците се уште имаат висока предност во двата меча (1:4).

Во Бирмингем, ПСЖ брзо ги „олади“ домашните навивачи. Со голот на Хакими, по една лоша интервенција на голманот на Астон Вила, Мартинез, ПСЖ поведе со 0:1 во 11. минута. Во 28. минута Мендеш успеа по вторпат да го матира домашниот голман и веќе да донесе огромни 0:2 за парижани. Мал зрак надеж кај домашните фанови донесе голот на Тилеманс во 34. минута за 1:2, но до крајот на полувремето не видовме израмнување. ПСЖ и натаму има високи три гола предност во вкупниот резултат од двета меча (2:5).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk