Ливерпул повторно е црвен: Момците на Слот го продолжија походот по титула (ВИДЕО)

Ливерпул го продолжи походот кон титулата во Премиер лигата, откако славеше против Евертон првпат по октомври 2023 година (1-0). Натпреварот од 30. коло на „Енфилд роуд“ го одлучи единствениот погодок на Диого Жота во вториот дел.

  • ​Извештај од натпреварот:

Стартот на средбата донесе доста работа за ВАР собата. Се проверуваше дали има елементи за црвен картон за Тарковски, а потоа се гледаше и поништениот гол на Бето. Одлуките беа на „штета“ на Евертон. До полувремето „карамелите“ можеа до предност, бидејќи Бето ја погоди и стативата од голот на домашните. 

Откако немаше погодоци по првиот дел, резултатот беше отворен во 57. минута преку Диого Жота. Ливерпул во продолжението по стекнувањето предност заигра рутински и не ризикуваше премногу, па мирно го приведе мечот кон крајот. 

Со овие три бода „црвените“ го продолжија походот кон враќање на тронот. Ливерпул со 73 бода е на „плус осум“ во однос на Арсенал