Пентхаус на врвот на кулата Стенвеј во Менхетен, Њујорк, кој е познат како најтенкиот облакодер на светот, се појави на продажба по цена од 110 милиони долари.
Станува збор за квадриплекс кој се протега од 80-тиот до 83-тиот кат на кулата Стенвеј и нуди пет спални соби, шест бањи и две тераси, како и поглед од 360 степени на Њујорк, вклучувајќи го и Централ парк.
На првиот кат од квадриплексот, дизајниран од Студио Софилд, е сместен „забавниот апартман“, додека „примарниот апартман“ е на третиот кат, а се граничи со „крунскиот апартман“, кој содржи бар и сала.
Кулата „Стенвеј“ е изградена во 2022 година и е висока 435 метри, а широка само 18 метри, што, според многу експерти, го прави најтенкиот облакодер во светот.
Односот на неговата висина и ширина е 24 спрема еден.
Фасадата на облакодерот содржи блокови од теракота, материјал кој се чини дека ја менува бојата и текстурата кога се гледа под различно осветлување и од различни агли.
Облакодерот се наоѓа во таканаречениот „милијардерски ред“, односно во областа на луксузните згради околу Њујоршкиот Централ парк, каде живеат едни од најбогатите луѓе во светот.
Во облакодерот има и 25-метарски базен, а станарите можат да уживаат во сликите на уметниците како Пабло Пикасо и Анри Матис, наведува Танјуг.