• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бошава: Можно заматување на водата за пиење во Демир Капија поради дождовите

Бошава: Можно заматување на водата за пиење во Демир Капија поради дождовите

Демир Капија, 3 април 2025 (МИА) - Можно е заматување на водата за пиење во Демир Капија поради дождовите, да се преврива пред употреба за пиење иако ги исполнува потребните стандарди, известија попладнево од демиркапиското јавно комунално претпријатие „Бошава".  

- Се известуваат граѓаните на Демир Капија и околните села, поради обилните дождови може да дојде до заматување на водата за пиење, пожелно е да се проврива водата пред употреба за пиење. Според последните анализи водата ги исполнува стандардите за вода за пиење, напишаа на нивниот Фејсбук профил, упатувајќи благодарност за разбирањето.

Заматена е водата за пиење поради дождовите во Кавадарци, од јавното претпријатие ,,Комуналец" завчера информираа дека водата мора да се преврива пред пиење.  

- Известуваме дека поради временските услови и  обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата, соопштија од ,,Комуналец", на нивната Фејсбук страница. 

Оттаму посочија дека за секоја промена, населението ќе биде навреме известено. свд/сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан