еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведен 23-годишник кој пукал со гасен пиштол во Чаир

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 30.03.2025 година околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов” во населбата Чаир, од возило „ауди а3” во движење со скопски регистарски ознаки биле испукани неколку куршуми во воздух.

„Полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки, бил пронајден А.Д. (23) од Скопје, лицето кое го управувало возилото.

Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол “Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир.

По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци,“ велат од МВР.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнови податоци од ДИК: „За“ гласале 520.461 лица, а „против“ 32.801 лица

Редакција

Сите вакцини се ефикасни во заштита од тешка форма на болеста и хоспитализација од делта сојот, велат од Министерство за здравство

Редакција

Колкави надоместоци добил менаџментот на ТТК Банка лани

Редакција