Британија разгледува мерки за справување со миграцијата преку каналот Ла Манш

Лабуристичката администрација во Обединетото Кралство разгледува нови стратегии за решавање на проблемот со нелегалната миграција преку Ла Манш, што вклучува и можност за депортација на барателите на азил чии апликации биле одбиени во земјите од Балканот и нивно времено сместување во специјални „центри за притвор“. Согласно овој предлог, луѓето чии барања за азил се одбиени би можеле да бидат префрлени во „центри за враќање“ во земји како Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, а Британија би плаќала на тие држави поединечен износ за секое депортирано лице.
Оваа година, бројот на мигранти кои ја преминале Ла Манш илегално надмина 5.025, што претставува пораст од 24% во споредба со истиот период лани. Само во текот на сегашниот месец, повеќе од 1.100 мигранти пристигнале во Велика Британија во текот на четири дена, користејќи ги поволните временски услови и помошта од шверцерите на луѓе. Овој предлог доби позитивни коментари од Меѓународната организација за миграција на ОН, која изјави дека е подготвена да обезбеди совети и поддршка на земјите сакаат да ги имплементираат овие мерки.
Во меѓувреме, Холандија веќе е во преговори со Уганда за евентуално создавање на „центар за враќање“ во оваа африканска земја. Во Албанија, пак, постојат два неискористени центри за мигранти кои требаше да бидат употребени од Италија за процесирање на азиланти, но овие планови не се реализирале.
Функционирањето на „центрите за враќање“ се разликува зависно од државата на потекло на мигрантите. За луѓе што доаѓаат од „несигурни земји“ како што се Иран и Авганистан, планирано е да се испратат на Балканот поради тешкотиите за нивно директно враќање дома поради безбедносни причини. Додека пак за лица од „сигурни земји“, привремено сместување би било обезбедено во овие центри пред финалното депортирање во нивните земји на потекло.
Лабуристичкиот план се разликува од конзервативниот „Руанда договор“. Лабуристите предлагаат депортација само на оние чии барања за азил се одбиени, додека конзервативците предложија да ги испраќаат мигрантите во Руанда пред воопшто да им се разгледа апликацијата.
Под водство на Киер Стармер, новата влада е под притисок да пронајде ефикасно решение, особено по укинувањето на контроверзниот Руанда договор. Како што изјави владин извор за The Times, истражуваат најразлични опции, но секоја мора да биде финансиски, правно и изведливо стабилна. Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство засега нема дадено официјална изјава за предлогот.
The post Британија разгледува мерки за справување со миграцијата преку каналот Ла Манш appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: