Дарио Витале е назначен за нов креативен директор на „Версаче“, соопшти модната куќа, а оваа вест означува историска транзиција. Дебитантската колекција на Витале ќе биде првата во повеќедецениската историја на куќата која креативно не ја води Донатела Версаче. Во исто време кога беше објавено назначувањето на нов креативен директор, куќата изјави дека Донатела ќе продолжи да дејствува како олицетворение на брендот. Нејзината титула се менува во главен бренд амбасадор.
„Поддршката за новата генерација дизајнери отсекогаш ми била важна. Возбудена сум што ни се придружи Дарио Витале и возбудена сум што ќе го видам Версаче со нови очи. Сакам да им се заблагодарам на мојот неверојатен дизајнерски тим и на сите вработени со кои имав привилегија да работам повеќе од три децении. Беше најголема чест во мојот живот да го продолжам наследството на мојот брат Џани. Беше вистински гениј, но се надевам дека имам малку од неговиот дух и истрајност. Во мојата нова улога како главен амбасадор на брендот, ќе останам неговиот најголем поддржувач. Версаче е во мојата ДНК и секогаш во моето срце“, се вели во официјалното соопштение на брендот.
View this post on Instagram