Талески и Бенфика во луд финиш испаднаа од Европската лига

Македонскиот интернационалец Филип Талески и неговата Бенфика завршија со настапите во Европската лига на ЕХФ, со пораз на гости кај ГОГ Гудме (34-31, вкупен резултат 65-64 за ГОГ).

Португалските „орли“ славеа во првиот меч со 33-31, а иако и во реваншот во Данска имаа позитива од три гола во второто полувреме, со 21-24, останаа со празни раце. Лудиот финиш беше кога од 31-30, данскиот тим влезе во серија и се одлепи на 34-30 и зачекори кон џиновската победа.

Грондал имаше спектакуларен настап со десет гола кај ГОГ, пред Вилхемсен со пет, додека кај Бенфика, Григорас погоди седум пати, а Хануш имаше пет гола. Филип Талески заврши без учинок.

Спектакуларен кам-бек направи и француски Лимож, кој ја надополни негативата од првиот меч против Криенс која изнесуваше седум гола, па со победа од 36-28 се пласира во следната рунда. Вкупниот резултат исто така беше 65-64.