Берзи

Волстрит деновиве е место на „фрустрација и исцрпеност“

Извор: Carmen Reinicke, Natalia Kniazhevich/Bloomberg

1 април 2025, 10:04

Акциите драматично флуктуираа во понеделникот

S&P 500 падна дури за 1,7 отсто, а потоа малку закрепна

Трговците се загрижени за царините на Трамп - може да дојде до паника

Волстрит деновиве е место на „фрустрација и исцрпеност“

Bloomberg

Двосмислените пораки на администрацијата на Трамп во врска со новите царини, кои ќе бидат претставени в среда, како и начинот на кој ќе бидат соопштени, ги збунуваат трговците со акции, кои се обидуваат да се позиционираат во однос на најголемиот ризик што го погодува пазарот последниве години.

„Тековното трговско опкружување најдобро може да се опише како фрустрација и исцрпеност“, вели Џо Гилберт, менаџер на портфолија во ИАМ (Integrity Asset Management). „Навистина немаме јасен план како да постапиме“.

Акциите драстично осцилираа во понеделникот, при што индексот S&P 500 падна до 1,7 отсто во раните часови, пред да ги поврати загубите и да го заврши денот со пораст од 0,6 отсто. Сепак, индексот што ги опфаќа 500-те најголеми акции во САД ги забележа најлошиот месец и најлошиот квартал од 2022 година, додека инвеститорите чекаат претседателот Доналд Трамп да го претстави својот план за сеопфатни глобални царини на 2 април. Како точно ќе изгледа тоа, останува мистерија.

Трамп вети царини за сите трговски партнери на САД, разгледуваше попусти за одредени производи или земји и размислуваше за помош на некои домашни индустрии.

Овој развој на настаните го збунува Волстрит, терајќи многу трговци да ги напуштат своите позиции, да го заменат ризикот со релативната сигурност на секторите што традиционално добро „пливаат“ во рецесија или целосно да избегаат од акциите.

„Преминавме од менталитет во кој се фокусиравме на алчноста и прашањето ’колку пари можам да заработам’ во менталитет на страв и ’колку пари можам да изгубам’. Ова сигурно беше емотивен пресврт за трговците“, вели Карли Гарнер, виш стратег и основач на ДТ (DeCarley Trading). „Нашите клиенти сè уште не паничат, но ако повторно почнеме да паѓаме на нови минимуми во наредните недели, мислам дека паниката ќе стане реална состојба“.

Кога Трамп беше избран (за претседател), инвеститорите очекуваа дека гласно ќе зборува за трговијата. Но тие исто така очекуваа дека ќе биде воздржан, како што беше во неговиот прв мандат, користејќи го S&P 500 како своја мерка. Сепак, работите се променија. Трамп сега вели дека не го следи пазарот и како да не е потресен поради создавањето краткорочни проблеми, дури и ако тоа ја направи американската економија хаотична.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Лери Финк, извршен директор на „Блекрок“ (BlackRock Inc.), се осврна на овој контекст во неодамнешно писмо до клиентите.

„Го слушам тоа речиси од секој клиент, речиси од секој лидер, речиси од секоја личност со која разговарам - тие се повеќе вознемирени за економијата сега отколку во кој било момент што го паметат во последно време“, напиша тој, додавајќи дека разбира зошто. „Но ние сме поминале низ вакви моменти и порано. И некако, на долг рок, работите се решаваат“, додаде тој.

Сепак, во моментов нема начин да се избегне колапсот на пазарот. Многу трговци се држат настрана од ризикот бидејќи падот е преголем.

„Јасно е дека трговците веќе се исцрпени, а она што им отежнува психички е тоа што оваа несигурност е многу различна од ризикот, бидејќи не можете да ја процените“, вели Френк Монкам, шеф на макротрговија во ББЦ (Buffalo Bayou Commodities). „Ако знаеш дека некој ќе те удри и ударот доаѓа, размислуваш за него и се подготвуваш. Но она што се случува сега е дека никој, всушност, не можеше да го предвиди (ударот)“.

Дури и ако мислите дека трговските политики на Трамп на крајот ќе донесат корист за американската економија, постои голема шанса работите прво да станат полоши. Да, стратегијата на Трамп што почнува на 2 април треба да ублажи дел од несигурноста, но неговите царини веројатно ќе ѝ наштетат на американската економија и ќе удрат по џебот на потрошувачите во многу чувствителен момент.

Bloomberg
 

„Таканаречениот ден на ослободување на Трамп повеќе би можел да дејствува како ден на пресуда за трговците и за генералните директори, додека чекаат да слушнат колку ќе бидат сурови царините“, вели Макс Гокман, заменик-главен инвестициски директор во ФТ (Franklin Templeton Investment Solutions).

Сепак, некои инвеститори се обложуваат на долгорочни добивки. Царините на Трамп треба да го зголемат приходот од даноци, за да се затвори федералниот буџетски дефицит, да се финансира уште еден круг намалување на даноците и да се поттикнат американските компании да го вратат производството во САД. Ако очекувате дека ќе се случи тоа, исто така сакате да бидете присутни кога ќе започне закрепнувањето.

„Изненадувачки, голем број клиенти сè уште чекаат да се случи таа добра страна на сето ова“, рече Гилберт. „Сè уште постои некаков оптимизам. Но, за жал, не знаеме точно колку штета ќе биде веќе направена, пред да се случи нешто добро“.

Некои експерти од Волстрит се надеваат дека среда ќе биде таканаречениот „Трамп пут“ (Trump Put), при што претседателот ќе сигнализира победа и ќе ослободи дел од притисокот што го оптоварува пазарот на акции.

„Повеќето политичари не сакаат да се самоуништат“, вели Рис Вилијамс од ВЦМ (Wayve Capital Management). „Вака ми изгледа она што се случува сега. Се сомневам дека ќе направи целосен пресврт од 180 степени, но потенцијално среда би можела да биде подобра отколку што се очекува“, додаде тој.

Се разбира, ризикот е дека влијанието на царините може да биде далекосежно. На пример, продолжувањето на притисокот врз американските компании и потрошувачи би можело да влијае на извештаите за заработка во втората половина од годината, со што би се намалил најголемиот двигател на пазарот на акции. Исто така, големите технолошки акции што беа најбрзорастечки во претходните години може да се најдат под дополнителен притисок, според податоците на „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence).

„Технолошките акции со голема пазарна капитализација во САД може да бидат во голем ризик, со исклучително високи процени и претпоставки дека маржите ќе останат недопрени“, напиша Џина Мартин Адамс, директорка за стратегија на акции и главен стратег за акции во „Блумберг интелиџенс“.

Притисокот врз овие акции означува клучна разлика во однос на другите неодамнешни падови, кога таканаречената група на седум величествени беше сметана за сигурно засолниште, генерирајќи поврати и остварувајќи големи добивки без оглед на тоа што се случуваше околу нив. Со оглед на тоа што оваа група падна повеќе од 17 проценти на почетокот на годината, сега би можело да биде добар момент да се купат некои од тие акции по пониска цена.

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите