Тетовец загина на патот Маврово-Дебар

Од:

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово – Дебар, кај месноста Скудрински мост.

-Патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетал од пат и на самото место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово, додека сопатничката, негова сопруга А.С.(47) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, рече портпаролот Реџепи.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Лажна адвокатка украла 13 илјади евра од брачен пар, ги излажала дека ќе купат стан кој бил на лицитација

Украдена спомен плоча од паркот „Жена борец“ и бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Катерина Ѓуровски

Две девојчиња, на возраст од 10 и 15 години се пријавени за исчезнати

Жена со метална шипка нападнала дета зошто ја удрило со топка

Приведен 18-годишник од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски