Се огласи Венко Крстевски по написите дека тој ќе биде градоначалник на Кочани

Почитувани сограѓани, по однос на написите за градоначалник сакам да кажам дека со мене лично ништо не е разговарано и договарано.

Сега не е време за поделби во Кочани, сега е време за обединување и затоа сметам дека кој и да е градоначалник од редовите на советниците треба да е со широк консензус.

Можеби остануваат само 7 месеци од мандатот на градоначалникот, но сега се клучните месеци за издигнување на Кочани преку изградба на 4 Мега паркови (локации: Панаѓурот, Бавчалук поврзување со Гоцева шума, АСНОМ и Трајаново трло), вклучување на сите кочанчани во возобновување на градот преку низа на доброволни иницијативи и акции, подигнување на многу повисоко ниво на хигиената на живеење, секое дете задолжително да биде вклучено во спортска и културна активност,

реорганизација на КЈП ,,Водовод” во делот на оперативци (во тек), нови паркинг места, враќање на СРЦ ,,ЗОРИК” (базентот, тениските терени и целиот простор) во сопственост на Општината, значајна поддршка на спортските клубови (пред се планинарските друштва), стратешки инфраструктурни проекти за развој на градот (локација Монополски бавчи и локација потегот помеѓу Металната и Оризари), процес за формирање прифатилиште за уличните кучиња,

најитно вработување на пожарникари, безбедносни стандарди за сите станбени обејкти, енергична борба со дивоградбите (посебно со тие што остваруваат економска активност и тие што се безбедносен ризик) и сите други аномалии во градот.

Ова е минимумот што треба да се исполни во наредниот период, во кој треба да бидат вклучени сите чинители, за да јас како советник дадам целосна поддршка.

За враќање на нашето Кочани!, напиша Крстевски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде