еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година и отворената база на податоци на договорите за јавните набавки на возилата.

Истражувањето открива дека само за две години, 2023 и 2024, државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг.

Меѓу нив се и 45. владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели.

Најскапо набавено возило од 55 илјади евра е на Општина Шуто Оризари, додека Општина Прилеп набавила, па го раскинала договорот за возило од 63 илјади евра.

Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра.

Омилен бренд на функционерите им е Шкода, од која е набавено секое трето возило.

Најмногу возила, 82, набавиле Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

На дури 70 % од тендерите за набавка на возилата имало само по една понуда.

Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше лизинг и Аутомотив груп, секоја по околу 2,8 милиони евра за две години.

Целото истражување и базата на податоци се објавени на следниот линк.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починaa шест нови лица од Ковид-19, пет пациенти од Скопје и еден од Струга

Редакција

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Редакција

Работниците од Непал продолжуваат да бегаат од Македонија

Редакција