Десетици исчезнати во катастрофалните пожари во Лос Анџелес- објавени се најновите податоци

14. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десетици исчезнати во катастрофалните пожари во Лос Анџелес- објавени се најновите податоци

Тој рече дека 18 лица се водат како исчезнати во областа Итон Фајр и шест во Малибу, пренесува CBS. Во исто време, пожарникарите се уште се борат да ги стават под контрола четирите актуелни пожари во Лос Анџелес, од кои најголемиот, во Палисадес, во кој изгореа 9.596 хектари.

Пожарникарите контролираат 17 отсто од пожарот откако избувна пред една недела, соопшти пожарникарската служба во Калифорнија. Пожарот во Итон, на северот од градот, изгоре околу 5.700 хектари и е локализиран 35 отсто, додека пожарникарите речиси целосно го изгаснаа пожарот во Херст.

Градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас го покани новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги посети областите на градот погодени од пожарите.

Трамп претходно ги обвини калифорниските власти, особено гувернерот Гевин Њусом, дека не успеале правилно да управуваат со опасностите од пожари и снабдувањето со вода, пишува Си-Ен-Ен.

Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати во пожарите во областа Лос Анџелес. Наредбата за задолжителна евакуација останува во сила за 92.000 луѓе, а уште 89.000 жители се под предупредување за евакуација.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата