Денес свечено беше отворен Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ, 2025 кој е 17. по ред и оваа година се одржува во градот Бакуриани, Грузија, кој ќе трае до 16 февруари. Дел од натпреварите ќе се одржуваат и во Тбилиси, како и во арените во Батуми.
Ангела Ристевска и Евгениј Ристевски, младински репрезентартивци од Битола и нивниот тренер Марија Петковска се дел од македонската делегација и од вчера се веќе сместени во олимпиското село во Бакуриани. Отворањето се случи на грандиозен настан, запален беше олимпискиот пламен за почеток на игрите на кои учествуваат младински тимови од 45 држави од Европа.Ова е настан кој ги обединува најдобрите младински спортисти на еден престижен зимски фестивал во следните зимски спортови: алпско скијање, хокеј на мраз, крос кантри ски, биатлон, сноуборд, уметничко лизгање, фристајл ски и брзинско санкање.
Маскота за овој ЕМОФ е маскотата Гунда, кавкаскиот рис чие име се заснова на грузискиот збор за снежна топка.
Освен нашите сноубордери, македонскиот тим има претставници во крос кантри ски – Виктор Чакаровски и биатлон – Петар Гиноски со тренерите и преставници на МОК.