Волстрит со благ пад

Како што покажуваат најновите податоци на Волстрит вчера берзанските индекси благо паднаа.

Сето воа доаѓа по неизвесното тргување бидејќи низа неодамнешни податоци укажуваат на забавување на економскиот раст на САД, додека инфлацијата би можела да расте во наредните месеци.

Индексот Dow Jones падна за 0,03 отсто, на 41.953 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,22 отсто, на 5.662 поени, а индексот Nasdaq за 0,33 отсто, на 17.691 поени.

На најголемата светска берза владее неизвесност, па вчера индексите се балансираа на работ на позитивна и негативна територија, за на самиот крај на тргувањето да завршат во негатива.

Можеби ќе ве интересира...

Колку чинат девизите денеска? – Курсна листа за 12 март

BiznisPRO

Овој вирус краде пари од банкомати – и е 99 отсто успешен

BiznisPRO

Колку се движи доларот, а колку еврото – Курсна листа за 21 ноември 2024

BiznisPRO