
Русија во неделата објави дека нејзината војска го освоила селото Басивка во североисточниот регион Суми во пограничната област на Украина и дека ги напаѓа украинските сили во голем број населени места во областа, пренесува Reuters.
Повеќе од две години по почетокот на руската инвазија на Украина, Киев испрати илјадници војници во руската област Курск минатиот август, иако повеќето украински сили со големи загуби, според руските извори околу 80.000 војници и 20.000 единици тешки оклопни борбени возила, истиснати од Курск во офанзивата започната во првата седмица од март годинава.
Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати истакна дека руските сили треба да создадат безбедносна зона долж границата, за да се спречат украинските удари врз воена и енергетска инфраструктура но и смртоносн врз цивилни цели на руска територија.
Руското Министерство за одбрана објави дека го зазело селото Басивка, преку границата од Суја, и дека украинските сили биле нападнати на 12 други локации во Сумиската област.
Украинските власти ја негираа информацијата, велејќи дека руските сили не ја контролираат Басивка.
„Денеска Русите не ја контролираат Басивка во Сумиската област. Напаѓачките групи се обидуваат да влезат таму и да бараат подруми за да се воспостават, но непријателот е уништен“, тврди Андриј Коваленко, претставник на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
„Борбите во пограничната област на регионот Суми се сложени и продолжуваат секојдневно во неколку области, како и во пограничната област на регионот Курск“, додава тој во изјавите на социјалните мрежи.
Руското Министерство за одбрана соопшти и дека Русија ги одбила украинските единици од руските населби Горнал, Гуево и Олешња.
Русија контролира нешто речси петтина од Украина, вклучувајќи го и црноморскиот полусотров Крим, каде доминатнотно руско население по прозападниот преврат во Киев се реши да ја врати автономијата укината во 1990 година и да се врати во составот на Русија од која во 1959 година е административно одвоен и припоен кон тогашната советска републија Украина, како и повеќето но не сите четири региони со мнозинско руско и рускојазинчно население за кои Москва тврди дека сега се дел од Русија, што не го признаваат повеќето земји.
Русија го контролира целиот Крим, речиси цел Луганск и повеќе од 70 отсто од Доњецк, Запорожје и Керсон, според руските проценки. Контролира и дел од регионот Харков, забележува Reuters.