НА ТРЕТИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО МУ ТРЕБА ПОМОШ: Се зголеми бројот на жртви во Мјанмар

Објавено во: Свет 05 Април, 2025 08:44
Мјанмар брои жртви од катастрофата. Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се зголеми на 3.354.
Повредени се 4.850 луѓе, а 220 се водат како исчезнати, јавија утринава локалните медиуми, пренесува Ројтерс. Обединетите нации(ОН) објавија дека повеќе од една третина од населението на Мјанмар сега има потреба од хуманитарна помош.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН вчера информираше дека хунтата го ограничува снабдувањето со помош на областите погодени од земјотресот каде што заедниците не ја поддржуваат хунтата.
Канцеларијата на ОН истражува 53 извештаи за напади на хунтата врз противниците. Портпаролот на хунтата не коментира.
Потрес со јачина од 7,7 степени го стресе Мјанмар на 28 март, а епицентарот се наоѓа на околу 16 километри од Мандалеј, вториот по големина град во државата.
Земјотресот погоди области со 28 милиони луѓе оставајќи многумина без храна, вода и засолниште.
Можеби ќе ве интересира
САД ЈА ПОДДРЖУВААТ ИНДИЈА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ: Трамп се јави со реакција по нападот во Кашмир

УКРАИНА Е СПРЕМНА ДА ПРЕГОВАРА СО РУСИЈА: Дали ќе го признаат Крим како руски?

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА КАЈ МОСКВА: Гори склад за муниција, гувернерот се закани со казни за споделување неофицијални информации

(ВИДЕО) ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 20 ТУРИСТИ: Терористички напад имаше во Кашмир

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Запорожје ќе биде неутрална зона?

ОВА ЌЕ СЕ УЧИ ВО УЧИЛИШТЕ: Русите го ставија планот на Трамп за мир во Украина во учебниците

ВАТИКАН ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД ПАПАТА ФРАНЦИСК ПОЛОЖЕН ВО ОТВОРЕН КОВЧЕГ: Облечен е во црвена литургиска одежда

ПОЗНАТО КОГА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА: Ватикан со важно соопштение

ХАРВАРД ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: Тужба за администрацијата на Трамп
