Радио Милева светол пат до небесата

 Победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова неутешна: „Душата ми се кине… вие бевте мојот омилен бенд кој го слушав додека учев, работев, јадев, патував…“ (ФОТО)   

 Победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова неутешна: „Душата ми се кине… вие бевте мојот омилен бенд кој го слушав додека учев, работев, јадев, патував…“ (ФОТО)   

Во страотниот пожар кој избувна во неделата на 16 -ти март во дискотеката „Пулс“ во  Кочани, при што загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, меѓу повредените е и вујкото на победничката на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова.

Пејачката Славица Ангелова за медиумите изјави дека нејзиниот вујко се здобил со изгореници во пожарот, но дека неговиот живот е надвор од животна опасност.

„Мојот вујко е повреден во пожарот. Тој е жив, но со изгореници и е на лекови. Тој сега е надвор од животна опасност.

„Господ нека биде со сите и нека сите преживеани се излечат што е можно поскоро“, рече таа.

Победничката на најгледаното натпреварување истакна дека се’ уште не може да дојде до себе си и да се помири  со тажната вест за катастрофата што ја снајде Македонија.

„Ги познавав момците од бендот кои настрадаа, но многу ми е жал што немав можност да соработувам со нив. Тие беа мојата омилена група, сакав да одам на нивните настапи, но за среќа овој пат не отидов. Никогаш не сум била во таа дискотека“ – изјави Славица за „Гранд“.

Додека пак, на социјалната мрежа Инстаграм, пејачката изрази сочувство и длабоко жалење што нема да може да си ја исполни најголемата желба да сними песна со ДНК.

„Уште  не можам  да прифатам дека веќе ве нема и никогаш нема да прифатам!!!
Душата ми се кине што не ви дојдов на 20 годнини концертот, душата ми се кине што нема да можам да си го оддржам ветувањето дека ‘обавезно ќе одам кога ќе одбележат 30 години постоење’, душата ми се кине што не успеав во овој живот да ја исполнам мојата Голема желба, да имам песна со вас.
Вие бевте мојот омилен бенд кој го слушав додека учев, работев, јадев, патував…Ќе ми недостасувате многу, премногу…. Не знам уште колку зборови и реченици ќе се доволни да го опишам тоа што го чувствувам.
Ве сакам многу Ангели мои!
Секогаш ќе ги пеам вашите песни, нека ви биде светол патот до небесата! 🕊️
Почивајте во мир!
Изразувам сочувство до фамилиите на сите починати!

Посакувам брзо закрепнување Панчо и Ана!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slavica Angelova (@slavica.angelova)

фото: printcsreen/instagram/slavica.angelova

To top