ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Од:

Германската конзервативна партија ЦСУ го одобри коалицискиот договор со нејзината сестринска партија ЦДУ и Социјалдемократите (СПД), еден ден откако ја претстави програмата за заживување на економскиот раст во најголемата европска економија и заземањето построг став кон миграцијата.

„Коалицискиот договор е дизајниран да биде курс за рехабилитација и фитнес програма за нашата земја“, рече лидерот на ЦСУ, Маркус Седер, додавајќи дека извршната и парламентарната група на партијата едногласно ја усвоиле програмата.

Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц.

Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), но конзервативците ја отфрлија можноста за коалицирање со таа партија, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија