logo
logo
logo

Кина за царините на Трамп: Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака

Vecer | 11.04.2025

Кина за царините на Трамп: Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака

- Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака, додаде портпаролот Лин Џијан.

Оваа изјава дојде откако Пекинг воведе царини од 125 отсто на американската стока, кои стапуваат во сила утре. САД претходно воведоа царини од 145 отсто на Кина.

Следува куса хронологија на ескалацијата:

1 февруари: Трамп најави царина од 10% на речиси сета кинеска стока што влегува во САД.

4 февруари: Кина возврати со царини од 10 до 15% на одредени американски производи.

4 март: САД ја удвоија царинската стапка на кинеската стока на 20%.

2 април: Трамп најави дополнителна царина од 34% на кинескиот увоз како дел од пошироката глобална царинска стратегија, со што вкупната царина (вклучувајќи ја постојната) достигна 54%. Кина возврати со 34% царина на поголемиот дел од американската стока.

7 април: Трамп се закани со дополнителни 50% царина доколку Кина не ги повлече контрамерките – вкупната царина се искачи на 84%.

9 април: Кина објави дека од 10 април ќе воведе царини од 84% на американската стока (наместо претходните 34%). „Реципрочните“ царини на Трамп стапија во сила, а кинеските царини официјално достигнаа 84%, што вкупно значи 104% царина. Трамп потоа објави дека царините на кинеската стока ќе пораснат до 125%, со што вкупната стапка (вклучувајќи ја првата од февруари) достигна 145%.

11 април: Пекинг ги потврди царините до 125% на американската стока и порача дека нема да реагира на понатамошни зголемувања. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk