ВИДЕО: Драма во Милано, Де Врај во 93. минута донесе бод за Интер во градското дерби

Екипата на Интер успеа во 93. минута да се избори за бод против вечниот ривал Милан (1-1) во „Дерби дела Мадонина“ кое се играше во рамките на 23. коло од италијанската Серија. 

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Серџо Консеисао беа за нијанса во подредена улога во текот на првите 45 минути, Интер имаше два поништени гола поради офсајд, а делуваше и многу поконкретно во нападот. Дефанзивата на „росонерите“ беше на висина на задачата, миланезите повеќе се ориентираа на контра-напади, а тоа им се исплатеше во 45. минута, кога Холанѓанецот Тиџани Рајнерс „начека“ една одбиена топка и без проблем ја смести во мрежата на Интер. Милан имаше минимално водство на паузата, 1-0. 

Второто полувреме започна со очекувана и пеколна иницијатива на Интер, Симоне Инзаги се обиде и да го освежи тимот со внесувањето на Бисек, Аслани и Карлос Аугусто, но „нероаѕурите“ никако не можеа да созадат конкретна прилика за израмнување. Јан Бисек ја погоди стативата по еден корнер, а потоа и Хенрик Михтаријан биеше покрај стативата, но времето полека изминуваше и работеше во корист на Милан. 

Интер не се откажуваше од нападите, повторно тргна силовито во последните десет минути, но немаше среќа затоа што Маркус Турам повторно ја погоди стативата во 82. минута, на голема радост на условно кажано, домашните навивачи. До крајот на натпреварот шампионот со сите сили се обиде да дојде барем до израмнување, Милан се обиде да ги затвори сите приоди, но капитулираше дури во 93. минута, кога Стефан Де Врај успеа да донесе бод за „нероаѕурите“, после одличната асистенција од новото засилување, Никола Залевски

Милан сега има 35 бода, додека Интер направи мал чекор назад во однос на водечкиот Наполи и останува на втората позиција, но има и натпревар помалку. 

Состави

Серџо Консеисао

4-3-3

    Симоне Инзаги

    3-5-2