• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велика Британија планира да инвестира уште 117 милиони евра во развој на вештачката интелигенција

Велика Британија планира да инвестира уште 117 милиони евра во развој на вештачката интелигенција

Лондон, 5 март 2024 (МИА) - Британскиот министер за финансии Џереми Хант планира да го удвои финансирањето на британскиот институт „Ален Тјуринг“, национална организација за наука за податоците и вештачката интелигенција.

Според очекувањата, Хант ќе претстави петгодишен инвестициски пакет вреден 100 милиони фунти или околу 117 милиони евра, пренесува „Гардијан“.

Дополнителните средства ќе бидат распределени во три области, а вештачката интелигенција се очекува да има важна улога во трансформирањето на здравството, заштитата на животната средина и зајакнувањето на одбраната и националната безбедност.

Откако дојде на министерската позиција во октомври 2022 година, Хант постојано повторуваше дека сака да ја претвори Велика Британија во суперсила во областа на науката, како и дека сака неговата земја да стане „следната Силиконска долина“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан