Три години војна Русија - Украина
На 24ти февруари пред три години руските трупи започнаа инвазија врз Украина од земја, воздух и море. Тој ден во раните утрински часови руските сили ја нападнаа државната граница на Украина од правец на Русија и Белорусија, во границите на регионите Луганск, Суми, Харков, Чернихив и Житомир.
Покрај тоа, напад имаше и од правец на окупираниот Крим. Ракети погодија десетици градови. Еден час по првиот напад украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба, кој на својот народ тогаш порача:
- Не паничете! Ние сме силни, подготвени сме на се. Ќе победиме се. Затоа што ние сме Украина. Слава на Украина.
Во Европската куќа во Скопје се одржа настан посветен за тригодишниот отпор на Укранија од каде евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека украинскиот народ силна и непоколеблива подршка не само финансиска која што до сега е достигната од 130 милијарди евра, туку и морална.
Украинската амбасадорка Лариса Дир од Скпје потенцира дека руската агресија со помал интензитет се одвивала уште од 2013 година. Со окупирање на полуостровот Крим и крајните источни области на Доњецк, од тогаш Украина и Русија имале над 200 мировни преговори на различни нивоа и се согласиле на 20 прекини на оган, ама состојбата ескалирала во февруари 2022.
Десетина лидери од Европа и Канада во посета на главниот град на Украина Киев за да ја одбележат третата годишнина од војната со Русија, меѓу кои претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и канадскиот премиер Џастин Трудо.
Кои изразуваат поддршка за Киев во контекст на продлабочувањето на неизвесноста околу посветеноста на Трамповата администрација да ѝ помогне да се одбрани од руската инвазија.