Ѓорѓиевски: Со заедничка акција и соработка до системски решенија за спречување на поплави и шумски пожари
На денешниот Управен одбор на ЗЕЛС, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, градоначалниците, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дискутираа за системските решенија за превенција и рана детекција на шумски пожари и поплави. Главен акцент беше ставен на унапредување на координацијата меѓу институциите и преземање конкретни чекори за спречување на природни катастрофи.
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека превентивните мерки мора да бидат приоритет на сите локални самоуправи.
-За да ја намалиме опасноста од шумски пожари и поплави, неопходна е континуирана координација меѓу сите институции. Локалните самоуправи треба активно да работат на чистење на атмосферските канали и одржување на речните корита, а во шумските подрачја да се направат засеци кои ќе спречат ширење на пожарите. Разговаравме и со претседателот на Владата, од каде добивме уверување дека ќе се зајакнат капацитетите на противпожарните бригади, што е клучно за поефикасно справување со овие предизвици-истакна претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.
На состанокот, од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, беше потенцирана и потребата од ставање во функција на целокупната расположлива механизација и противпожарни возила, како и идентификација на критичните точки каде што е неопходна итна интервенција на државата. Дополнително, беше најавено зголемување на капацитетите за справување со кризни ситуации, вклучително и подготвеност на авионите за брза реакција во претстојната сезона
ЗЕЛС и Владата остануваат посветени на изградба на ефикасен систем за превенција и брза реакција, со што ќе се заштитат граѓаните и природните ресурси од природните катастрофи.
Кисела Вода
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје