Кујни во бохо стил - несекојдневна доза на инспирација
•
8 мај 2024
Кога ќе се спомене бохо стил веднаш нè асоцира на опуштеност, безгрижност, романтичен дух и позитивна енергија.
Ваквиот начин на уредување е идеален за оние кои не се плашат да експериментираат, вљубениците во природата и креативците кои го сакаат животот.
Овој стил вклучува изобилство на светлина, слоевитост на материјали, земјени тонови, комбинација на старо и ново, модерно и винтиџ...
Исто така може да го споиме со сканди стилот, правејќи го бохо елементот посуптилен и понеутрален.
За денес одвоивме преубави бохо кујни кои нема да ве остават рамнодушни.
Тука важи единственото правило, а тоа е дека нема правила.
Фото:Instagram