Легендарниот Артим Шаќири, некогашен репрезентативец на Македонија, некогашен капите на Македонија, во последно време познат тренер и Саше Милошевски, исто така истакнат некогашен фудбалер, се назначени за нови координатори на младинските селекции на Македонија за генерациите од 2006 до 2012 година.
И двајцата ќе бидат во функција за развој на фудбалот во Македонија преку работата во младинските селекции.
Ова го изјави техничкиот директор на ФФМ за младински фудбал, Ѓорѓи Христов на денешниот брифинг со новинарите.
Исто така тој кажа дека Никола Глигоров и Филип Ивановски, ќе бидат видео анлитичари за младинските селекции.
Тој напомена и тоа дека членовите на стручните штабови во селекциите намерно ќе бидат од различни градови со цел да нема веќе она…„другарот да биде помошник“.
Имено во минатото врз селекторите имало притисок, тие тоа сега го кажуваат за форсирање на фудбалерчиња.
Исто така Христов кажа дека во иднина нема да толерира никакви притисоци врз селекторите и дека ако има такво нешто тоа ќе биде јавно обелоденето. Без разлика дали тоа биле политички причини или од членови на УО на ФФМ.