Фото: Apple

Во текот на вчерашниот ден Apple ја пушти една од поважните надградби на iOS 18 со која го заокружи пуштањето на повеќето Apple Intelligence функции. Со iOS 18.2, како и другите системи, корисниците ги добиваат Image Playground и Genmoji, а тука е и интеграцијата на ChatGPT во Siri. 

Во најавата на надградбата, Apple истакна кога може да се очекува последната поголема новина поврзана со вештачката интелигенција, а тоа е конечното унапредување на Siri во паметниот асистент кој требаше да биде уште од почетокот. 

Оваа новина ќе дојде со iOS 18.4, а истата може да се очекува во април идната година. 

Со надградбата Siri треба да ја добие способноста да го разбере личниот контекст на корисникот, како и да добие пристап, односно „свесност“ за работите кои се прикажани на екранот во моментот, од апликациите на Apple, но и другите. 

Siri исто така треба да стане доста поспособна при разговорите, а вистинскиот напредок на овој план се очекува подоцна со најавите дека Apple наводно работи на сопствен голем јазичен модел кој ќе ја направи Siri способна како ChatGPT.

Претходна статијаПремиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски
Следна статијаGoogle го претстави Gemini 2.0 јазичниот модел за „ерата на ВИ агентите“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.