Press "Enter" to skip to content

Победа на фудбалерите на Пелистер во Битола за помирна сезона (фотогалерија)

Пелистер – Воска 1:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер попладнево во Битола забележаа вредна победа против Воска Спорт, со резултат 1:0, откако првото полувреме беше без голови, во натпревар од 22. коло на Првата македонска фудбалска лига. Единствениот погодок кој донесе три бода за Пелистер ги постигна Филип Бошковски во 64. минута.Натреварот започна со иницијатива на “пелистерци“ и во обид да дојдат до голот на гостите, да креираат шанси и да го отворат резултатот. Воска Спорт успеа да се одбрани, а ја имаше  и првата шанса  на Виноградац, а  Андреј Јовчевски одбрани.До крајот на првиот дел не видовме некои шанси за гол освен мала нервоза, за што беа доделени четири жолт картони, по два во двете екипи.Стартот на второто полувреме го одбележаа две шанси за гол, кај двете екипи. Прв браа во шанда гостите, а потоа “пелистерци“ но ударот со глава на Александар Ристевски беше одбранет.Голот за радост кај Пелистер беше постигнат во 65. минута, откако повратникот од Грузија, Филип Бошковски со удар откосо по земја го матира гостинскиот голман за 1:0, што значеше  три вредни бода за битолчани.До крајот на натпреварот гостите се обидоа да израмнат, но убавата шанса за гол ја одбрани Јовчевски. И кај “пелистерци“ бележиме неколку обави акции.Пелистер има 26 бода и се наоѓаат на 7. место на табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »