Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави денеска дека Москва не верува во можноста САД да се повлечат од НАТО.
„Не мислам дека тоа ќе се случи“, рече Рјабков во интервју за списанието „International Affairs“.
Тој оцени дека актуелната американска администрација користи „извесна доза бравура“ во својата реторика.
– Мислам дека тоа е дел од вербалната стратегија за поттикнување на ‘НАТО коњот’. За САД да се разделат од Алијансата, би требало да се случи нешто што за мене е потполно незамисливо. Не верувам во такво сценарио, изјави рускиот дипломат.
Изјавата на Рјабков доаѓа откако поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Иво Далдер, на 28 март изрази загриженост дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да ја повлече земјата од Алијансата, и покрај забраната донесена од Конгресот во декември 2023 година.
Далдер нагласи дека, имајќи го предвид критичкиот став на Трамп кон обврските за колективна одбрана, ваков развој на настаните не може целосно да се исклучи.
Ново на Сител
-
УКРО: Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови
-
Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциск
-
Со „бмв“ возел 173 на место каде што дозволено е 100, уапсен 35-годишник од Тетово
-
Погребот на папата Франциск закажан за 26 април
-
Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени
-
Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола
-
Тешка сообраќајка на Пресека
-
Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата