16.04.2025 19:45
Вести Македонија Најважни

МВР потврди дека во ресторан, 6-та Управа го чувала сопругот на Силјановска- дисциплинска постапка и за полицаецот кој прво го остави, но на крај нареди кревање на поршето на Керим

И полицаецот кој наредува пајакот да го дигне поршето на Срѓан Керим е под дициплинска постапка во МВР по инцидентот кога припадници на 6-тата Управа го лажеа дека приватниот џип е службено полициско возило. Ова за Телма го потврдија од МВР кои ни одговорија и дека обезбедувачите биле во ресторанот како придружба на сопругот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, Благој Давков.

-Полициските службеници биле ангажирани за обезбедување на лице поврзано со претседателката Гордана Силјановска Давкова, конкретно нејзиниот брачен другар, кој во моментот бил присутен во угостителски објект. Активноста на полициските службеници е во рамки на редовните мерки и надлежности согласно Уредбата за обезбедување на личности и објекти, одговорија од МВР. 

Од МВР одговорија дека внатрешната контрола отворила постапка кога видеото беше објавено на социјалните мрежи на 4-ти април, а не на 22-ри март, кога се случило лажењето на бодигардите на првиот џентлмен Давков, за време на националната жалост по трагедијата во Кочани.

Во првичното соопштение на МВР го немаше третиот полицаец кој е во придружба на пајак возилото, а според МВР наредил да се крене поршето на Керим откако утврдил дека е приватно и дека колегите го лажеле. Младите кои се околу ја поздравија акцијата на полицаецот, кој првично ја „прифаќа“ верзијата дека е службено возилото и не наредува веднаш да се крене поршето, но потоа делува.

Но, МВР и внатрешната контрола сега тврдат дека и тој сторил „потешко кршење на работниот ред и дисциплина“ без многу детали што конкретно направил и дали им го предал поршето после носењето во депото.

За една недела се случија со два инциденти со припадници на 6-тата Управа кои беа дел од обезбедувањето на Силјановска и Мицкоски, а лани и обезбедувањето на Гаши направи два инциденти.

Во 6-тата управа, мора да се регрутираат обучени професионалци, а одговорност треба да сносат тие што поставуваат погрешни и криминогени луѓе да ги штитат највисоките државни функционери, порача пензионираниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски.

По изјавата на министерот Тошковски дека е вознемирувачки криминалци да се кријат во полициска а униформа, реагираше и синдикатот на полиција кој реагира дека во јавноста и медиумите не се почитува презумпцијата на невиност за уапсените полицајци.

Во раководството на Синдикатот на полиција е притворениот припадник на 6-тата управа за кого обвинителството соопшти дека „продавал“ полициски службени тајни, а истовремено бил во обезбедувањето на премиерот Мицкоски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо) Муртезани во Топ Тема: Од Таравари беше побарано јавно да каже дека во никој случај нема да соработува со Али Ахмети

Дејан Дејан

За Трамп Харвард е „шега“ што „учи на омраза и глупости“

Дејан Дејан

Избрана нова српска Влада на чело со Ѓуро Мацут

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе