Американската берза доживеа драматичен раст откако претседателот Доналд Трамп најави 90-дневна пауза на зголемените царини за сите земји кои немаат воведено контрамерки против Соединетите Американски Држави.
Референтниот индекс на Вол Стрит, S&P 500, порасна за речиси 6 отсто веднаш по објавата, што го постави на патот кон најголем дневен добивка уште од април 2020 година. Технолошкиот Nasdaq Composite скокна дури за 7,7 отсто, забележувајќи го најдобриот ден од март истата година. Dow Jones забележа раст од над 2.000 поени, односно 6,1 отсто.
Одлуката за суспензија на царините доаѓа откако Кина претходно во текот на денот воведе 84-процентна царина на американски производи, што предизвика нов бран на трговски тензии. Трамп потоа на социјалните мрежи објави дека царината за Кина ќе биде зголемена на 125 отсто, но дека остатокот од светот привремено ќе биде поштеден од дополнителни давачки.
„Врз основа на недостатокот на почитување што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ја зголемувам царината што САД ја наплатува на Кина на 125 отсто, со веднашшна примена“, порача Трамп.
Тој додаде дека над 75 земји побарале преговори за царините што претходно им ги наметна Вашингтон.
„Одобрив 90-дневна ПАУЗА и значително намалена реципрочна царина од 10 отсто, исто така со веднашшна примена“, изјави поранешниот претседател.
Реакциите на пазарот беа моментални. Акциите на најголемите американски компании забележаа огромен раст:
- Tesla: +13,5%
- NVIDIA: +13%
- Apple: +11%
- Meta: +8,5%
- Microsoft: +7,8%
- Amazon: +7,5%
Вкупната пазарна вредност порасна за повеќе од 3,5 билиони долари, покажуваат податоците од аналитичарите на Вол Стрит.
Главниот пазарен стратег на компанијата Corpay, Карл Шамота, изјави дека станува збор за „капитулација под притисокот на финансиските пазари и донаторите на Трамп“. Тој додаде дека администрацијата под притисок морала да попушти за да избегне понатамошна дестабилизација на пазарот.
Економистите сега предвидуваат помала веројатност за брзо намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви. Учесниците на пазарот сега очекуваат три до четири намалувања во текот на годината, со првото во јули, во споредба со претходните прогнози кои сугерираа дека првото намалување ќе биде уште во јуни.
„Ако трговската војна се сведе само на САД и Кина, тоа значи олеснување за останатите земји и за глобалната економија“, оцени Ерик Виноград, главен економист во компанијата Alliance Bernstein.