440
Руските власти им кажале на своите американски колеги дека не сакаат американскиот пратеник за Русија и Украина, Кит Келог, да учествува во клучните преговори за ставање крај на војната во Украина, изјавил американски функционер и уште еден друг извор запознаен со ситуацијата, пренесува „Ројтерс“.
Келог бил отсутен од неколку состаноци на високо ниво во последните недели, вклучително и разговорите во Саудиска Арабија во февруари и март, во кои беа вклучени американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и државниот секретар Марко Рубио, како и украинска делегација.
Не е јасно дали отсуството на Келог е директно поврзано со барањето на Русија, ниту кога тоа барање било поднесено.